Екипата на Ал-Итихад го доби дербито од 20. коло во Премиер лигата на Саудиска Арабија откако го совлада Ал-Наср со 1-0.
Единствениот гол беше постигнат во 80. минута кога Ромарињо успешно го заврши контранападот на својот тим. Гостите ги предводеше капитенот Кристијано Роналдо, кој не го одигра еден од најдобрите натпревари со новиот тим и заврши со само еден прецизен удар.
Со оваа победа Ал-Итихад го престигна Ал Наср и се искачи на врвот на табелата со 47 бода. За Ал-Насер, кој е втор со 46 освоени бодови, ова беше само втор пораз во шампионатот сезонава.