Во мега – дербито на 22.коло меѓу Струга ТЛ и Шкупи, триумфираа домаќините со 2:1. Забележливо беше што стружани одиграа речиси перфектно во одбраната, а кога е така, а така е, тогаш се знае дека Сава Радиќ бил уште еднаш “командантот“ на тој дел од тимот на Струга ТЛ. Секогаш борбен, го дава максимумот, не се плаши од ниту еден дуел. Секој тренер би го посакал Радиќ во својот тим во ПМФЛ. Покрај него во тимот на колото од Струга ТЛ се и Незири, како и стрелците Шабани и Ибраими.
Брегалница одигра феноменално во Кратово, а тон на таквата игра даваа голманот Денковски, потоа Лвалива, Николов и Ѓорѓиев.
Младиот Мартин Ѓорѓиевски уште еднаш покажа дека е голем талент, уште еден бисер од редовите на А. Пандев. Шкендија со 3:1 го победи Работнички а одличен настап имаа Милев кој постигна ефектен гол и Тотре.
ИГРАЧ НА КОЛО
САВА РАДИЌ
Тим: Струга Трим Лум
Роден: 04.03.1998 во Србија
Кариера: Чукарички, Трајал, Бачка, Дубочица, А. Пандев, Струга ТЛ