Тимот на Јувентус одработи добар меч во рамките од Лигата на Европа синоќа. Против германски Фрајбург победи со 1:0 и е на добар пат да влезе во следната 1/4 финална фаза.
Стрелец на единствениот гол за Јуве беше Анхел Ди Марија, кој беше убедливо најдобар поединец на домаќинот, а од друга страна тренерот Масимилијано Алегри имаше полна уста пофали за целиот колектив.
„Мислам дека вечерва одигравме многу добро, со правилен интензитет и доза на техника. Треба да направиме се да се подобриме во завршната фаза односно да ја подигнеме ефикасноста. Премногу често последното додавање беше прекомплицирано, донесовме погрешни одлуки и тоа е од фундаментално значење. Така можеме да дозволиме противникот да се врати во игра. Тоа се случи веќе неколку пати му го кажав тоа на Мојс Кин дека мора да го доведе Хуан Куадрадо во чиста позиција, таквите додавања мора да бидат едноставни и прецизни“, – смета Алегри па додава.