Лидерот на конференцијата Исток, тимот на Милвоки Бакс успеа да слави против Бруклин Нетс со конечни 118:113 во меч во кој беше виден статистички податок кој ретко се гледа.
Брук Лопез одигра супер меч со 24 поени, десет скока и девет блокади, што не беше доволно за победа. Ова е рекорден број на блокади за Лопез во кариерата, додека Боби Портис, додаде свои 28 пени 12 скока за деветнаеста победа на Милвоки во последните дваесет меча.
Бакси играа и без својот најдобар играч на овој дуел, Јанис Антетокунмпо, а за Нетси ситуацијата беше речиси неверојатна. Ник Кларксон, Спенсер Диндвиди, Кем Џонсон, Ројс Онил и Бен Симонс го пропуштија мечот поради повреда. Микал Бриџис и Дориан Финли Смит беа единствените кои беа стартери на овој дуел како на претходниот. Тоа секако отвори многу простор за игтачите од клупата, а тие пак одговорија со меч кој не е виден во НБА лигата уште од сезоната 1970/71.
Статистичарите прецизно дојдоа до податок дека играчите од клупата на Нетси постигнале неверојатни 98 поени што секако е рекорд. Најдобар меѓу нив Пети Милс со 23 поени и седум асистенции, додека Кем Томас дојде до 21 кош.
Резултати:
Детроит – Шарлот 103:113
Индијана – Хјустон 134:125 (продолжение)
Орландо – Јута 124:131
Мемфис – Голден Стејт 131:110
Милвоки – Бруклин 118:113
Сакраменто – Њу Јорк 122:117