Станковски погодува за Горица на втор меч по ред (видео)

713

На младинскиот македонски репрезентативец Лука Станковски му тргна во новиот клуб НД Горица од Словенија. Тој како позајмен од Газијантеп дојде во словенечкиот клуб и веќе втор меч по ред ги тресе мрежите.
По погодокот за победа на Горица на гостувањето кај Целје со 1:0, денеска тој погоди за реми на својот тим на домашен терен против Мура.
Станковски погоди во 53. минута, а пет минути подоцна беше заменет. Мура прими гол и место три освои само бод.

ПретходноИвановски во драматичен меч остана без полуфинале во Кретеј
СледноКонте кон Ришарлисон: Се однесува себично, а тоа не е добро за тимот