Претстојниот викенд се играат мечевите од 23. коло или првото од третиот круг во тековната сезона во ПМФЛ. Познати се и судиите кој ќе ја делат правдата. Александар Ставрев (Скопје) ќе го суди мечот меѓу Шкендија и А. Пандев, Димитар Пилешков (Штип) ќе суди на Чаир, а Стојанче Трпчевски (Кавадарци) ќе биде “главен“ на средбата во Струга.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 23.КОЛО – НЕДЕЛА (14 Ч)
Струга ТЛ – Македонија ЃП: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Шкупи – Работнички: Димитар Пилешков (Штип)
Шкендија – А. Пандев: Александар Ставрев (Скопје)
Брегалница – Победа: Марјан Стојановски (Кичево)
САБОТА:
Силекс – Скопје: Јован Качевски (Струга)