Кошаркарите на Црвена Звезда долго време ќе жалат за пропуштената шанса во Атина. Избраниците на Душко Ивановиќ имаа предност од 16 поени на гостувањето кај Панатинаикос, на крајот беа поразени со 75-66.
Српскиот тим отвори одлично, поведе со 9-17, на одморот беше 29-42. По ова следеше невиден пад во играта на грчкиот состав се разбуди и со две одлични четвртини дојде до триумф.
Папаџианис со 17 поени беше прв стрелец кај победникот, на другата страна Недовиќ и Петрушев имаа по 12 поени.
Басконија и Монако одиграа доста интересен натпревар, со промени на водството, на крајот како победник излезе гостинскиот состав, славеше со 93-102.