Иако во моментов тимот на Арсенал на домашна сцена во Премиер лигата е на највисоко ниво, односно е лидер на табелата, тоа не му даде на овој тим никаква предност на вчерашниот дуел од 1/8 финалето во Лигата на Европа против Спротинг во Лисабон. Конечните 2:2 не ветуваат ништо за реваншот, особено што Арсенал на овој дуел и губеше во еден момент.
„Имаше моменти во играта каде што ги контролиравме настаните на теренот, но ни недостигаше сила во последната третина бидејќи моравме да се прилагодиме на ситуацијата со отсуството на неколку клучни играчи. Мислам дека примивме два многу евтини гола и треба да се справиме подобро во одбраната и да реагираме попрецизно и поодлучно кога топката е во нашиот шеснаесетник.Со оглед на нивото на натпреварувањето и фактот што бевме на гости, дојдовме во тешка ситуација, но успеавме да реагираме. Во второто полувреме имаше моменти во кои изгледавме многу подобро“, изјави Артета.