Бајрами го напушти кормилото на Македонија ЃП!

592

Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров ќе има нов тренер. Муарем Бајрами не е повеќе на кормилото на „лавовите“ затоа што си поднесе оставка после 18 месеци на чело на овој тим.

Од денес не сум тренер на Македонија ЃП. Сето ова доаѓа после обостран договор со клупското раководство. Изминативе 18 месеци го поминав еден од најубавите периоди во мојот живот, каде заедно успеавме да го освоиме македонскиот фудбалски Куп, враќајќи го трофејот во Ѓорче Петров по 16 години. Исто така и оваа сезона сме во игра за Куп-трофејот бидејќи сме во полуфиналето.

Во тековната сезона работите не одеа како што сакав и посакував, затоа решив дека најдобро за клубот е ако се повлечам. Ја користам оваа објава за да им се заблагодарам на сите за коректната соработка во овој период, почнувајќи од инвеститорите, блиското раководство, продолжувајќи со техничкиот штаб со кој работев во овој период, медицинскиот персонал и секако играчите, кои се најмногу. Горд сум на мојата работа и на сите успеси со Македонија Ѓорче Петров во овој период и му посакувам на тимот многу среќа и успех во тековната сезона и во иднина“, изјави Бајрами.

ПретходноШифрин во легендите: Се избрамни со Стенмарк по број на победи во СК
СледноСудиската комисија за спорниот момент на мечот Караорман-Тетекс: „Добра проценка на судијата!“