Захариевски и Славчо Георгиевски кандидати за клупата на МЃП

1405

Македонија Ѓорче Петров се раздели со тренерот Муарем Бајрами па е во потрага по нов стратег. Бајрами си замина по 18 месеци на кормилото, а како што кажа самиот оваа сезона не е како што посакувал па со раководството се договориле да ја раскинат соработката.
Па така клубот од Ѓорче Петров бара нов стратег. Неофицијално дознаваме дека кандидати за тренерската позиција се Срѓан Захариевски и Славчо Георгиевски-Тупан. Захариевски до пред некој ден беше тренер на лидерот Струга Трим Лум, а беше сменет после трите едноподруго ремија. Георгиевски последно работеше во ФК Скопје.
Инаку во недела на мечот со Струга ТЛ „лавовите“ ќе ги предводи Џангаровски кој му беше помошник на досегашниот стратег Бајрами.

ПретходноПерез ќе го “откачи“ Бензема, напаѓачот барал поголема плата!
СледноИвановски во драматичен меч остана без полуфинале во Кретеј