Ивановски во драматичен меч остана без полуфинале во Кретеј

125

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ турниирот во Кретеј, Франција откако денеска доживеа пораз од домашниот тенисер Тристан Ламасин.
Тоа беше неизвесен меч, а сетовите се решаваа во тај-брејкот. Првиот го доби македонскиот тенисер со 7-6(3). Во вториот сет имаше водство но неочекувано почна да губи на сила и му дозволи на противникот да направи пресврт, и овој сет отиде во тај-брејкот кој го доби Ламасин 7-6(1).
Решавачкиот сет исто така беше неизвесен отиде во тај-брејкот, а таму Французинот излезе поуспешен 7-6(5).
И покрај поразот Калин игра одлично оваа година. На патот до четвртфиналето ги елиминира Глинка и Киватсев.
На трите претходни турнири во Тунис имаше две финалиња и едно полуфинале.

ПретходноЗахариевски и Славчо Георгиевски кандидати за клупата на МЃП
СледноСтанковски погодува за Горица на втор меч по ред (видео)