И тоа го има во мак-кошарката: Масовна тепачка на лица од еден ист тим!

569
Classic Basketball on Wooden Court Floor Close Up with Blurred Arena in Background. Orange Ball on a Hardwood Basketball Court

И тоа го има во мак – кошарката. Ужас или хаос на мечот меѓу Спарта и Албес, тимови од третата лига. И во тепачката биле вмешани тренери, кошаркари, навивачи…и сите од еден ист тим.

Се почнало кога еден кошаркар на Албес промашил слободно фрлање, тогап тренерот му рекол да го соблече дресот и да си замине. Тој тоа го сторил, но потоа избила тепачка во која учестсвувале и тренерите, играчите, потоа дел од фановите на тој тим. По ова тренерите и останатите играчи ја напуштиле салата, и затоа според правилата Албес службени го загубил овој меч.

На ова реагираа и надлежните на КФСМ, кои го казнија клубот со исклучување од лигата, а тренерот е суспендиран на една година.

ПретходноМејсон Маунт ќе си замине од Челзи
СледноМакедонскиот младински репрезентативец Абиола Бамијоко се врати во Финска, ќе игра за ХИФК Хелсинки! (ФОТО)