Македонскиот младински репрезентативец, Абиола Бамијоко (17) по само осум месеци минати во Сампдорија, одлучи да се врати во Финска, и тоа во тимот на ХИФК Хелсинки, тим кој се натпреварува во втората по ранг лига во таа земја.
Да потсетиме дека нашиот дефанзивец, во септември минатата година направи трансфер од ППЈ, тим од неговиот роден град Хелсинки, во Италија.
Инаку Бамијоко досега има настапи за У-18 и У-17 селекциите на Македонија.