Мејсон Маунт ќе си замине од Челзи

286

Играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт е се поблиску до заминување од клубот, според пишувањето на Гардијан. Клубот не успеа да се договори со 24-годишниот играч од средниот ред за продолжување на договорот, кој истекува летото 2024 година.

Па така, Челзи е подготвен да ја разгледа можноста за негова продажба на крајот од оваа сезона за да може да заработи на неа. Последните недели, медиумите на Островот тврдеа дека Ливерпул е фаворит за негов потпис доколку Маунт навистина го напушти Челзи, а заинтересирани се и Манчестер Јунајтед односно Јувентус.

Англичанецот оваа сезона забележа 23 настапи во Премиер лигата, постигна три гола и имаше две асистенции.

 

ПретходноКире Ристевски не е потешко повреден, ќе може да настапи против Малта!
СледноИ тоа го има во мак-кошарката: Масовна тепачка на лица од еден ист тим!