Одбиена жалбата на Мурињо!

144

Италијанската дисциплинска комисија ја отфрли жалбата на тренерот на Рома, Жозе Мурињо, за суспензијата што ќе го остави надвор од неговиот тим на два првенствени натпревари. Мурињо доби суспензија на два натпревари минатата недела, откако беше исклучен поради недолично однесување против Кремонезе.

Откако поднесе жалба, казната привремено му беше укината, па сепак можеше да го води својот тим на дербито против Јувентус минатиот викенд. Но, сега Мурињо нема да може да биде на клупата на Рома на градското дерби против Лацио на 19 март. Покрај тоа, тој нема да го води тимот против Сасуоло во недела

ПретходноНов удар за европскиот првак, овој пат од Макаби!
СледноГолеми три бода за Бохум, триумф на гости кај Келн!(ВИДЕО)