Официјално: Службена победа за Пехчево, суспендиран теренот и клубот предаден на Дисциплинска!

6915

Неодиграниот меч од 19.коло во ВМФЛ меѓу Пехчево и Беласица и официјално доби епилог, и тоа со службени 3:0 за домашниот тим. Познато е дека овој меч не се одигра во средата зошто гостите од Струмица беа физички нападнати на стадионот на Фортуна во Сингелиќ каде тимот на Пехчево ги игра своите мечеви.

Беласица одби да го одигра овој натпревар, а според надлежните сепак имало услови за такво нешто. За самиот инцидент Комисијата за натпревари го суспендираше теренот а клубот – домаќин го предаде на Дисциплинска комисија.

ПретходноКонте кон Ришарлисон: Се однесува себично, а тоа не е добро за тимот
СледноЏонов: Одиме во Португалија да се бориме!