Судиска комисија го разгледа спорниот момент од последниот меч од 19 коло на ВТОРА МФЛ и го донесе следниот заклучок:
На натпреварот Фк.Караорман –Фк.Тетекс одигран на 09.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 66 минута.
66 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)
Играч од екипата на домакините додаде топка до соиграч кој се наоѓаше близу просторот од 5,5 метри од голот на гостите, во моментот на додавање соиграчот се наоѓаше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите (бр.10) кој закасни со правење офсајд замка (касно се извлекува), ја прими топката и постигна гол.
Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е регуларен бидејки предпоследниот играч од екипата гостите (бр.10) закасни со правење офсајд замка (касно се извлекува) и играчот на домакините во момент на додавање на топката од соиграчот се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со предпоследниот играч од одбраната, т.е играчот што закасни со правење офсајд замка).