Штета што гледаа од трибини, Португалија беше “печена” да падне (ФОТО)

1042

Можеме да жалиме за многу работи после првиот квалификациски меч против Португалија за пласман на ЕП 2024.

Фаворитот во нашата група 1, во Скопје беше далеку од посакуваната форма. Младата Македонија на терен влезе храбро, беше рамноправен противник, но во одлучувачките моменти, моменти на искуство подлегна.

Знаеме дека синоќа на терен можеше да биде поинаку, ако во црвено-жолтиот дрес наместо на трибините или пред ТВ екраните беа Манасков, Георгиевски, Пешевски и Талески.

Во едно такво сценарио денеска ќе бевме под импресии од големиот триумф, а не пораз, кој прв за ракометна Македонија на домашен терен после осум години на официјални мечеви.

Нашите млади ракометари немаат многу време за одмор, утре патуваат за Порто, во недела е реваншот со Португалија.

ПретходноУ-21: Селекторот Канатларовски го објави списокот на играчи за пријателските натпревари во Анталија овој месец!
СледноСудии за ВМФЛ: Стојчевски ќе биде “главен“ на дербито Воска – Гостивар