Алегри: Во реваншот мора да бидеме поефикасни пред противничкиот гол

192

Тимот на Јувентус одработи добар меч во рамките од Лигата на Европа синоќа. Против германски Фрајбург победи со 1:0 и е на добар пат да влезе во следната 1/4 финална фаза.

Стрелец на единствениот гол за Јуве беше Анхел Ди Марија, кој беше убедливо најдобар поединец на домаќинот, а од друга страна тренерот Масимилијано Алегри имаше полна уста пофали за целиот колектив.

„Мислам дека вечерва одигравме многу добро, со правилен интензитет и доза на техника. Треба да направиме се да се подобриме во завршната фаза односно да ја подигнеме ефикасноста. Премногу често последното додавање беше прекомплицирано, донесовме погрешни одлуки и тоа е од фундаментално значење. Така можеме да дозволиме противникот да се врати во игра. Тоа се случи веќе неколку пати му го кажав тоа на Мојс Кин дека мора да го доведе Хуан Куадрадо во чиста позиција, таквите додавања мора да бидат едноставни и прецизни“, –  смета Алегри па додава.

„Нема да ни биде лесно во Фрајбург, но јас сум позитивен бидејќи создадовме многу шанси. Во реваншот тие ќе мора да нападнат, што може да отвори повеќе простор во нивната одбрана и да го искористиме тоа.Мораме да бидеме попрецизни пред голот, бидејќи процентот на постигнати голови во однос на создадените шанси сеуште е многу лош“, смета тренерот.

ПретходноМилвоки подобар од Бруклин во ретко виден натпревар (ВИДЕО)
СледноМурињо: Нема да кажам дека резултатот е добар