Специа на свој терен успеа да го победи Интер со 2:1, и тоа во меч на отворањето на 26.коло во Серија А. Ова е прва победа на Специа во својата историја против гигантот од Милано.
Интер е доминираше во првиот дел, имаше повеќе шанси, имаше и зицери, а не искористи пенал и тоа преку Лаутаро во 13.минута. Па така со тие почетни 0:0 се замина на пауза.
Во второто полувреме во игра кај Специа влезе Даниел Малдини, синот на славниот Паоло Малдини, и веќе во 55.минута тој го совлада Хандановиќ за 1:0, за големо славје кај фановите на Специа.
Во финишот пеналлијада. Прво беше покажано на белата точка за Интер во 83.минута кога сега Лукаку шутираше и погоди за 1:1.
Но, не минаа три-четири минути и кога и Специа доби пенал и преку Нзола повторно дојде во водство од 2:1.
Резултат со кој и заврши овој интересен меч.