Македонскиот младински репрезентативец Абиола Бамијоко се врати во Финска, ќе игра за ХИФК Хелсинки! (ФОТО)

1082

Македонскиот младински репрезентативец, Абиола Бамијоко (17) по само осум месеци минати во Сампдорија, одлучи да се врати во Финска, и тоа во тимот на ХИФК Хелсинки, тим кој се натпреварува во втората по ранг лига во таа земја.

Да потсетиме дека нашиот дефанзивец, во септември минатата година направи трансфер од ППЈ, тим од неговиот роден град Хелсинки, во Италија.

Инаку Бамијоко досега има настапи за У-18 и У-17 селекциите на Македонија.

No description available.

ПретходноИ тоа го има во мак-кошарката: Масовна тепачка на лица од еден ист тим!
СледноШифрин во легендите: Се избрамни со Стенмарк по број на победи во СК