Милвоки подобар од Бруклин во ретко виден натпревар (ВИДЕО)

132

 

Лидерот на конференцијата Исток, тимот на Милвоки Бакс успеа да слави против Бруклин Нетс со конечни 118:113 во меч во кој беше виден статистички податок кој ретко се гледа.

Брук Лопез одигра супер меч со 24 поени, десет скока и девет блокади, што не беше доволно за победа. Ова е рекорден број на блокади за Лопез во кариерата, додека Боби Портис, додаде свои 28 пени 12 скока за деветнаеста победа на Милвоки во последните дваесет меча.

Бакси играа и без својот најдобар играч на овој дуел, Јанис Антетокунмпо, а за Нетси ситуацијата беше речиси неверојатна. Ник Кларксон, Спенсер Диндвиди, Кем Џонсон, Ројс Онил и Бен Симонс го пропуштија мечот поради повреда. Микал Бриџис и Дориан Финли Смит беа единствените кои беа стартери на овој дуел како на претходниот. Тоа секако отвори многу простор за игтачите од клупата, а тие пак одговорија со меч кој не е виден во НБА лигата уште од сезоната 1970/71.

Статистичарите прецизно дојдоа до податок дека играчите од клупата на Нетси постигнале неверојатни 98 поени што секако е рекорд. Најдобар меѓу нив Пети Милс со 23 поени и седум асистенции, додека Кем Томас дојде до 21 кош.

Резултати:

Детроит – Шарлот 103:113

Индијана – Хјустон 134:125 (продолжение)

Орландо – Јута 124:131

Мемфис – Голден Стејт 131:110

Милвоки – Бруклин 118:113

Сакраменто – Њу Јорк 122:117

ПретходноКонте одби да каже дали ќе остане на клупата на Тотенхем и следната сезона
СледноАлегри: Во реваншот мора да бидеме поефикасни пред противничкиот гол