Мурињо: Нема да кажам дека резултатот е добар

196

Иако тимот на Рома има одлична предност по домашниот триумф во рамките од 1/8 финалето синоќа против екипата на Реал Сосиедад во рамките од Лигата на Европа, сепак, тоа не значи дека тренерот Жозе Мурињо е тотално задоволен од она што го виде на теренот.

Тој смета дека сеуште нема простор за славење и дека следува реванш кој ќе буде многу тежок.

“Ми се допадна организацијата на играта, трудот, емпатијата на теренот. Си помагавме. Тешко е да се игра против тимови кои користат дијамантска формација на средината на теренот. Веќе игравме против такви како Ред Бул Салцбург и Емполи, и тешко се справувме. Моравме да покажеме силен карактер бидејќи кога немаш топка долго време, менталитетот е многу важен. Ја контролиравме играта иако имавме помал посед. Овој резултат е добар добри доколку не примите три гола во реваншот. Никогаш не би рекол дека резултатот е добар по првиот натпревар“, рече Мурињо па додаде.

“Да се ​​стави Ел Шарави во стартниот тим беше стратешки потег, но тоа не беше лесен избор. Немам напаѓачи на клупата за резерви, дури ни Солбакен. На пример, тимот на Баерн против ПСЖ на клупата ги имаше Гнабри, Сане и Мане. Ќе бев среќен да имам само еден од нив“, додаде Специјалниот.

ПретходноАлегри: Во реваншот мора да бидеме поефикасни пред противничкиот гол
СледноАртета: Мора да покажеме дека сме подобриот тим