На младинскиот македонски репрезентативец Лука Станковски му тргна во новиот клуб НД Горица од Словенија. Тој како позајмен од Газијантеп дојде во словенечкиот клуб и веќе втор меч по ред ги тресе мрежите.
По погодокот за победа на Горица на гостувањето кај Целје со 1:0, денеска тој погоди за реми на својот тим на домашен терен против Мура.
Станковски погоди во 53. минута, а пет минути подоцна беше заменет. Мура прими гол и место три освои само бод.