Шифрин во легендите: Се избрамни со Стенмарк по број на победи во СК

105

Американката Микаела Шифрин го достигна апсолутниот рекорд на Швеѓанецот Ингемар Стенмарк по број на победи во Светскиот куп во алпско скијање. Шифрин ја запиша 86 победа со триумфот во велеслаломот во Оре (Шведска).

Шифтин беше најбрза во првата трка и имаше предност од 0,58 секунди пред Канаѓанката Валери Грение. А Грение имаше мали грешки во втората трка, а истото го направи и третопласираната по првата трка Француска Гритш, па тоа и овозможи на Шифрин која по втората трка имаше послабо време од водечката во тој момент Федерика Брињоне, но во севкупното време со 1,04 секунди беше подобра од Италијанката.

Трета заврши Сара Хектор со 0,92 секунди послабо време.

За разлика од Стенмарк кој своите 86 победи ги постигна единствено во дисциплините слалом (40) и велеслалом (46), Шифрин има 52 триумфи во слалом, 20 во велеслалом, 5 во супервелеслалом, 3 во спуст, 1 во алпска комбинација, 3 во градските трки и 2 во паралелниот слалом.

ПретходноМакедонскиот младински репрезентативец Абиола Бамијоко се врати во Финска, ќе игра за ХИФК Хелсинки! (ФОТО)
СледноБајрами го напушти кормилото на Македонија ЃП!