Македонската ракометна репрезентација во краткиот период по нереалниот пораз од Португалија од 23-29 ќе обиде да поправи дел од она што ги спречи младите играчи да приредат сензација. И на оваа средба техничките грешки беа бројни, а токму неискуството беше пречка за да стори нешто повеќе, па првиот квалификациски пораз беше неизбежен.
Во недела на теренот на Порто, Македонија го игра реваншот. Свесни се дека не можат да се промени нешто драстично, но останува желбата за докажување и лавоска битка на теренот.
„Кога играш со квалитетен тим како што е Португалија мора концентрацијата да биде на највисоко ниво сите шеесет минути. По 50 минута ние имавме пад и тоа го одлучи натпреварот. Некои од работите што ги договоривме пред мечот не ги испочитувавме и тоа беше клучот за пораз. За реваншот не можеме да промениме многу бидејќи е краток период, но ќе се обидеме да ги поправиме грешките. Одиме во Португалија да се бориме и да го дадеме својот максимум“, изјави Иван Џонов.