Тимот на Наполи продолжува да „растура“ во домашната Серија А. Денеска во 26.коло Наполи славеше нова победа, овојпат над Аталанта со 2:0 со голови во второто полувреме. Мрежата на гостите ја начна грузискиот интернационалец Квича Кваратшкелија во 60 минута.
Убав гол постигна Грузиецот (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ) кој ја измеша одбраната на Аталанта и ја испрати топката во мрежата.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 66 минута.
Во 76 минута нашиот фудбалер нафрли од корнер, а Амир Рахмани со глава го погоди противничкиот гол. (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ)
Тоа е 22 победа на Наполи кој е на чело на табелата со 68 бодови, 18 повеќе од вториот Интер. Аталанта е на шестото место со 42 бода и се обидува да стигне до место во европските купови.
Наполи сега го очекува мечот со Ајнтрахт во ЛШ, а потоа игра со Торино во домашното првенство. Аталанта ќе игра дома со Емполи.