Супер деби на Заниоло за Галатасарај: Влезе во игра и даде гол за победа (видео)

428

Италијанскиот интернационалец Николо Заниоло го постигна победничкиот гол за Галатасарај на дуелот со Касимпаша (1:0). Заниоло направи трансфер од Рома во Галата во февруари за 15 милиони евра, но немаше можност да дебитира затоа што тогаш турската лига беше во пауза поради разорувачкиот земјотрес кој ја погоди Турција.

Денеска Галата играше со Касимпаша, Заниоло влезе во игра во второто полувреме и по само 10 минути постигна гол кој се покажа како победнички.

 

ПретходноШифрин пишува нови страници, стана најуспешната скијачка на сите времиња
СледноНаполи гази, Елмас со асистенција во победата над Аталанта (видео)