Борнмут го спушти Ливерпул на земја (ВИДЕО)

242

По сензационалниот триумф од 7:0 против тимот на Манчестер Јунајтед, екипата на Ливепул влезе во екстаза која што пак попладнево се распука како меур од сапуница. Нова бламажа на Ливерпул сезонава со пораз кај тимот на Борнмут од 1:0 на отворањето на викенд колото во Премиер лигата.

Она што требаше да биде продолженије односно потврда на добрата форма на Редси се претвори во уште еден шокирачки пораз кој води во насока дека Ливерпул и тоа како е во криза сезонава.

Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Билинг кој погоди во 28. минута од мечот.

Следуваше играчка рекуперација на гостите, која што резултираше со пенал за Ливерпул во 69.минута но Мохамед Салах е неуспешен реализатор. До крајот домашните издржаа, не примија гол и заслужено се радуваат на трите бода.

ПретходноСилекс води, поништен чист гол за Скопје (ВИДЕО)
СледноСилекс преку Ѓорѓиевски го „скрши“ Скопје (ВИДЕО)