Откако одигра навистина одлично во дресот на Дебрецин, пред се поради неговите голови, а стрелаше и денеска против Кишварда за победа, Дориан Бабунски е прогласен за играч на месецот во елитната лига на Унгарија. Играч на месец февруари.
Бабунски помладиот е во страшна голгетерска форма што може само даго радува селекторот Благоја Милевски во пресрет на дуелот со Малта на 23 март од квалификациите за ЕВРО 2024.