Васоски: А. Пандев нема да се брани против Шкендија, очекувам отворен и квалитетен дуел!

348

И дефинитивно А.Пандев не е онаа екипа од есенскиот дел. Тимот на стратегот Александар Васоски оваа пролет на три меча забележа две победи, со Македонија ЃП на гости (0:1) и дома со Победа (3:0), како и реми на гостувањето кај Шкупи (3:3).

Пандевци“ не само што бележат добри резултати туку имаат и игра. Утре во Тетово на гости кај Шкендија тие се убедени дека ќе продолжи тој тренд.

Свој коментар за овој меч за “Спортмедиа“ има тренерот на струмичани Александар Васоски:

Искрено и јас и сите наши играчи просто се радуваме на вакви мечеви, кога играме против Шкендија, Шкупи, Струга ТЛ. Тие ќе ни послужат самите себе си да си докажеме дека и ние имаме квалитет. Јасно е дека сега е полесно, пред стартот на пролетниот дел бевме во `длабокото` што се вели, но сега излегуваме од опасната зона. Играме добро, ќе се надигруваме и со Шкендија, нема да се браниме. Очекувам отворен и квалитен дуел, кој е подобар нека победи“ посочи Васоски.

ПретходноБраво за Македонецот: Дориан Бабунски прогласен за играч на месецот во Унгарија! (ФОТО)
СледноМалески: Посакувам Струга ТЛ да слави и против “лавовите“!