ВМФЛ: Супер-дерби во Охрид, Пелистер по нов триумф…

733

Попладнево од 14 часот се играат пет средби од 20.коло во ВМФЛ. Дербито или супер-дербито се игра во Охрид каде на “Билјанини Извори“лидерот Воска го дочекува третопласираниот Гостивар. Многу важен меч и за двете екипи, посебно за гостиварци на кои пораз никако не им оди во прилог, во тој случај Воска ќе побегне на +5 бода. Се знае дека и второто место води во ПМФЛ, но за тоа се прашуваат и Вардар и Пелистер.

Битолчани на својот стадион го дочекуваат Охрид, нема секако да биде лесно за составот на Бобан Бабунски, но Пелистер е фаворит тука нема дилеми.

На останатите денешни средби се среќаваат Арсими – Детонит, Кожув – Борец и Беласица – Саса.

Додека за утре се закажани три меча и тоа Вардар – Караорман, Тетекс – Пехчево и Слога (В) – Беса.

ДВОЈКИ ЗА 20.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Пелистер – Охрид

Арсими – Детонит

Кожув – Борец

Беласица – Саса

Воска – Гостивар

НЕДЕЛА, 14 Ч

Вардар – Карорман

Тетекс – Пехчево

Слога (В) – Беса

ТАБЕЛА: Воска 46, Вардар 46, Гостивар 44, Пелистер 40, Детонит 33, Беласица 29, Охрид 29, Караорман 26, Беса 24, Арсими 24, Кожув 21, Пехчево 20, Саса 16, Слога (В) 13, Тетекс 11, Борец 1..бодови

ПретходноНа Барселона и се заканува исфрлање од европските натпреварувања!
СледноПСЖ донесе одлука која нема да му се допадне на Нејмар!