Гостивар победнички низ Струмица, „страшен“ дабл-дабл на Корсантиа!

134

Во првиот меч од 17 коло во Првата лига, Гостивар на гостувањето кај Струмица славеше со 72-79 за 11 триумф оваа сезона со кој ја продолжува битката за четвртото место на табелата. На другата страна ова беше седми пораз во низа, вкупно 15-ти оваа сезона.

Гостите поведоа со 0-9, па 2-11. На крајот на првата четвртина со серија од 2-13, избраниците на Малинков поведоа со 13-28. Гостивар и во следниот период делуваше доминантно, одржуваше двоцифрена предност, која во еден момент изнесуваше плус 17 (31-48). Домаќинот на одморот намали на 36-40.

Струмица во третата четвртина беше подобра само за два поени. Иако на стартот на последниот период беше во негатива од 16 поени (64-77), сепак успеа да најде начин како да приреди драма во финишот. Со серијата 11-2 доблиѓи на 72-79. Гостите три минути беа без реализација, но на голема среќа на крајот сочуваа доволна позитива за нова победа.

Корсантиа со 19 поени и 20 скока беше лидер кај Гостивар, на другата страна Крстајиќ запиша 18 поени, 9 скока и 7 асистенции.

ПретходноOсум гола на баварскиот дуел, победата ја однесе Баерн
СледноШифрин пишува нови страници, стана најуспешната скијачка на сите времиња