Играчите во Премиерлигата нема да даваат изјави како поддршка за Гери Линекер

294

Голем број играчи од различни клубови во англиската Премиер лига се подготвени да го бојкотираат задолжителното давање изјави по натпреварите за да му дадат поддршка на Гери Линекер кој беше суспендиран од програмата на државниот медиусми сервис Би-Би-Си .

Според Би-Би-Си, играчите стапиле во контакт со Англиската асоцијација на професионални фудбалери (ПФА) за да предупредат на бојкот и да се солидаризираат со Линекер. Се верува дека ПФА, која преговара со играчите и клубовите за ова прашање, ќе ги поддржи сите играчи кои ќе изберат да го сторат тоа.

Линекер беше суспендиран од емисијата „Мач на денот“, во која тој беше водител, поради критиките кои ги упатил кон владата. Алан Ширер, Иан Рајт и Алекс Скот подоцна се повлекоа од шоуто поради солидаризација кон Линекер.

ПретходноНиколиќ: Во Белград патуваме во одлично расположение, кое се должи на добрата форма!
СледноЌе се случи ли предавство: Асенсио призна дека може да заигра за Барселона!?