Македонската машка кадетска репрезентација предводена од Раде Стојановиќ продолжува со континуирана работа за подготовка за новите предизвици кои допрва следуваат.
За оваа ЕХФ недела беа предвидени два контролни меча против селекцијата на Романија. На првата средба нашите момци ја совлада Романија со 30-31. Мечот се одигра во салата Автокоманда, реваншот е утре со почеток во 12 часот.
За потсетување ова лето, кадетите ќе играат на Светското првенство кое ќе се одржи во Хрватска, а ќе бидат во групата Ф заедно со репрезентациите на Норвешка, Црна Гора и победникот на IHF Trophy што треба да се оддржи во Костарика.