Македонија тргна за Португалија, Лазаров поведе 18 ракометари!

704

Македонската ракометна репрезентација рано наутро тргна кон Португалија, каде утре во 18:30 часот го игра реваншот со оваа селекција во рамките на квалификациите за ЕП 2024 година.

Селекторот, Кирил Лазаров за оваа средба поведе 18 ракометари, за Матосињос, парохијата Сенора да Ора, преградие на Порто, не отпатуваа Марко Кизиќ и Ален Ќосевски. Двајцата играчи не се најдоа на списокот за првата средба во Скопје која заврши со шест гола разлика (23-29).

Македонија по три одиграни меча има две победи и пораз, местото на ЕП 2024 година веќе теоретски обезбедено, истото ќе го потврдат против Турција и Луксембург во април, во пораз од Португалија на гости.

МАКЕДОНИЈА: Митревски, Велковски, Ц.Кузманоски, Ѓорѓиев, Митев, Томовски, Маркоски, Кузмановски, Костески, Јагуриноски, Џонов, Стојковиќ, Пе.Атанасијевиќ, Серафимов, Петров, Мишевски, Младеновиќ и Аларов.

ПретходноИзненадување на стартот: Циципас елиминиран од 87-от тенисер!
СледноПМФЛ: Скопје оди по изненадување во Кратово!