Силекс денеска на домашен терен прописно се намачи за да стигне до нови три бода на стартот на новото коло од ПМФЛ шампионатот. Успеаа кратовци да слават против Скопје со конечни 3:1, во дуел во кој на моменти дури беа и потиснати, и надиграни од противникот. Сепак, на крајот квалитетот на поединците кои ги има Силекс се покажа како клучен затоа што токму резервистот Марко Ѓорѓиевски ги постигна двата победнички гола.
„Тежок меч. Психолошки. Затоа што бевме фаворити на хартија. Што се покажа нели видовте и сами како лажен момент. Скопје многу квалитетен тим, не заслужува да е онаму каде што е на табелата. Честитки за моите играчи што добро реагираа во клучните моменти од мечот. Искрено, сакам што побргу да го заборавиме овој меч и да се сконцентрираме на она што следува. Одлично котираме на табелата, држиме чекор со водечките и та е најважно во моментов“ – изјави тренерот на Силекс за Спортмедиа, Горазд Михаилов.