Наполи гази, Елмас со асистенција во победата над Аталанта (видео)

527

Тимот на Наполи продолжува да „растура“ во домашната Серија А. Денеска во 26.коло Наполи славеше нова победа, овојпат над Аталанта со 2:0 со голови во второто полувреме. Мрежата на гостите ја начна грузискиот интернационалец Квича Кваратшкелија во 60 минута.

Убав гол постигна Грузиецот (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ) кој ја измеша одбраната на Аталанта и ја испрати топката во мрежата.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 66 минута.

Во 76 минута нашиот фудбалер нафрли од корнер, а Амир Рахмани со глава го погоди противничкиот гол. (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ)

Тоа е 22 победа на Наполи кој е на чело на табелата со 68 бодови, 18 повеќе од вториот Интер. Аталанта е на шестото место со 42 бода и се обидува да стигне до место во европските купови.

Наполи сега го очекува мечот со Ајнтрахт во ЛШ, а потоа игра со Торино во домашното првенство. Аталанта ќе игра дома со Емполи.

ПретходноСупер деби на Заниоло за Галатасарај: Влезе во игра и даде гол за победа (видео)
СледноРистовски со гол, но Динамо е поразен од Шибеник