Пелистер тргна фуриозно против Подгорица – па падна!

125

Екипата на Пелистер, регуларниот дел од сезоната во АБА2-лига го завршува со пораз, откако беше поразен од Подгорица со убедливи 84-97.

Карпентер со 24 поени беше прв стрелец, зад него беше Силаџи со 20 поени, до двоцифрена бројка дојде уште и Сапунџиев со 10 поени.

Избраниците на Марјан Илиевски одлично тргнаа на оваа средба, поведоа со 13-0, а потоа и со 18-3, ова беше и најголемото водство овој дел од мечот. По 28-18 на истекот на десетата минута, противникот полека почна да се буди. Следните два период ги доби индентично 19-25 и 19-25, со тоа што на момент и го превзема водството, најголемото беше плус седум 58-65.

Последната четвртина битолчани ја почнаа со негатива од два поени, но на средината на истата противникот поведе со 75-82. Пелистер не најде начин како да се врати на мечот, на крајот поразот беше двоцифрен.

Овој дел битолчани го завршуваат со скор од седум победи и шест порази.

ПретходноРеал со пресврт до домашен триумф (ВИДЕО)
СледноМихаилов: Тежок меч, значајна победа, а Скопје не заслужува да е онаму каде што е на табелата