ПМФЛ: Скопје оди по изненадување во Кратово!

215

Со денешниот меч од 23.коло во Кратово меѓу Силекс и Скопје, се отвора третиот круг во тековната сезона во ПМФЛ. Натпреварот е закажан за во 14 часот, додека сите останати се играат утре, исто така од 14 часот.

Нема дилеми дека Силекс е фаворит, и поради местата на табелата, па ако сакате и поради амбициите. Да, Силекс е во предност и Силекс ја посакува победата со цел колку толку да се “извади“ по тие 1:2 од средата со Брегалница.

Скопје пак со Мирсад Јонуз на клупата си има свои амбиции, желби и можности. “Пиратите“ пред три дена одиграа квалитетно против Македонија ЃП на својата Автокоманда, се спасија од пораз во последните мигови, но тој бод и тоа како го заслужија.

Секако дека Скопје оди во Кратово по изненадување, добар би бил и бод од гостувањето кај Силекс, се знае дека сега во оваа трета фаза секој бод,секој гол што се вели може да игра решавачка улога во битката за опстанокот.

Утре во рамките на ова 23.коло се среќаваат: Струга ТЛ –Македонија ЃП, Шкупи – Работнички, Шкендија – А. Пандев, Брегалница – Победа, додека Тиквеш е слободен.

ПретходноМакедонија тргна за Португалија, Лазаров поведе 18 ракометари!
СледноНа Барселона и се заканува исфрлање од европските натпреварувања!