Елиминацијата во осминафиналето во Лигата на шампионите беше уште еден удар за ПСЖ. Па промените во редовите на францускиот првак веќе се неизбежни, прв на удар веќе одамна е Нејмар, поради односот во соблекувалната, но и на теренот, тој повеќе е повреден отколку што е подготвен за важните мечеви.
Од Франција доаѓаат нови инфомрации за него. ПСЖ сака да го продаде по секоја цена. Бразилецот годишно заработува дури 35 милиони евра, па затоа никој не сака да го купи. Но, сега ситуацијата е поинаква, раководството на „светците“ ќе ја намали цената за него.
Selon @Romain_Molina le PSG serait prêt à PAYER Neymar pour qu’il parte ! ❌ pic.twitter.com/Z40sOJa98W
— Instant Foot ⚽️ (@lnstantFoot) March 10, 2023
Нема сомнение дека арапските клубови први ќе тргнат во „лов“, но прашање е дали тој ќе сака да тргне по стапките на Кристијано Роналдо.