Тимот на Динамо Загреб е поразен на гостувањето во Шибеник од истоимениот тим со 2:1 во домашното првенство. Шибеник водеше со 2:0 на полувреме, па „модрите“ имаа тешка задача да го стигнат резултатот.
Тие го ублажија поразот со голот на македонскиот интернационалец Стефан Ристовски. Во 64 минута Булат нафрли од корнер, а Ристовски погоди.
Тоа е трет првенствен гол на Ристовски за Динамо сезонава, претходно погоди против Локомотива и Истра.
Динамо го запиша вториот пораз сезонава, но и понатаму е лидер со 56 бода, дванаесет повеќе од второпласираниот Хајдук.
Во составот на Динамо го нема Аријан Адеми кој направи трансфер во кинески Пекинг Гуан.