Можеби неочекувано, но сепак Селта со 3:0 успеа да го победи Рајо Ваљекано вечерва во меч од 25.коло во Ла Лига. На голот на Рајо беше нашиот Столе Димитриевски кој прими два гола од домашниот состав, а еден беше и автогол од својот соиграч Цис.
Тимот на Селта во 51.минута поведе и тоа со голот на Аспас, следуваше автоголот на Цис само една минута подоцна, за да крај на маките на Столе и неговите соиграчи на ова гостување да стави повторно Аспас во 85.минута за конечни 3:0.