Силекс води, поништен чист гол за Скопје (ВИДЕО)

1937

На стартот на новото ПМФЛ коло денеска од 14:00 часот својот меч во Кратово го играат екипите на Силекс и Скопје. Две дијаметрално спротивни ситуации во кои Силекс „брка“ Европа, додека Скопје пробува да се спаси од испаѓање.

Домашните водат со 1:0, откако по само десетина минути игра Катаниќ на нафрлување на Ристовски погоди убаво со глава.

Следуаше шансата со удар од дистанца за Скопје, во која беше погоден дирекот, а и спрната ситуација од средината на полувремето.

Прекрасна топка во празно за Омерагиќ кој излегува само пред Божиновски, погодува, но офсајд знаменцето е подигнато. Зошто? Е тоа ќе мора да ни го објасни помошникот на главниот судија Качевски, Цветановски, кој според снимката требаше да направи се, само не да ја стопира оваа ситуација. Чиста е како солза, но голот на Скопје беше поништен.

ПретходноШтрлек од Веспрем во понеделник потпишува за Нексе
СледноБорнмут го спушти Ливерпул на земја (ВИДЕО)