Кошаркарите на ТФТ загубија на средбата со лидерот во АБА 2 конкуренцијата, Хелиос Домжале со убедливи 93:61 во меч во кој имаа сили само за едно полувреме.
Тимот од Тафталиџе добро го отвори дуелот и беше во континуирана предност во најголемиот дел о дпрвите две четвртини. Во самата завршница на полувремето, Домжале успеа да воспостави контрола на играта, па дури и на обезбеди предност на полувреме (40:37).
Во вториот дел се беше поинаку. ТФТ кзапре, Хелиос Домжале додаде „гас“ и веќе во третиот период падна одлуката за победникот. Словенечкиот состав направи предност од 24:9 само во третиот период, што јасно стави дознаење како ќе заврши мечот. Во последната четвртина ТФТ не беше ништо подобар, а разликата лесно можеше да се искачи и на -40.
За ТФТ ова беше десеттиот пораз во 13 одиграни натпревари од регуларниот дел од сезоната во АБА 2 конкуренцијата. Во составот на нашиот преставник најдобар поентер беше Батрик со 20 поени, додека кај Х. Домжале одлична партија имаше Танстал со 19 поени.