Иако потешко од очекувањата, сепак Манчестер Сити како гостин успеа да слави екстра значајна победа кај Кристал Палас и тоа со 0:1 и тоа со голот на Ерлинг Халанд. До таа 78.минута резултатот беше 0:0, тогаш беше покажано на белата откако претходно Олисе стартуваше врз Гундоган, а Норвежанецот без проблеми ја затресе мрежата за својот 28 гол сезонава во Премиерлигата и за победа.
Сега Сити е на -2 бода во однос на Арсенал, но има и натпревар повеќе.