Екипата на Челзи славеше со 1:3 на гостувањето кај Лестер во 27.коло на Премиер лигата. „Сините“ поведоа со голот на Бен Чилвел во 11 минута, изедначи Дака во 39 минута. Меѓутоа пред крајот на полувремето Каи Хаверц се погрижи Челзи на одмор да отиде со предност.
Во 78 минута Матео Ковачиќ со убав гол, негов прв сезонава во Премиер лигата, ја запечати победата на Челзи. Лестер во последните пет-шест минути играше со фудбалер помалку поради црвениот картон на Фаес. Инаку Челзи постигна уште два гола на овој меч кои беа поништени поради офсајд по реакција на ВАР.
Kovacic doesn’t score many goals but when he does they’re special.. 😮💨 pic.twitter.com/b40S4TUTwm
— Conn (@ConnCFC) March 11, 2023
По елиминацијата од Милан од ЛШ, екипата на Тотенхем им се врати на победите во Премиер лигата. Славеше на домашен терен над Нотингем Форест со 3:1. На полувреме беше 2:0 со двата гола на Хари Кејн, а во второто полувреме Сон зголеми на 2:0, а гостите намалија во финишот преку Ворал.
Евертон забележа важна победа во борбата за опстанок. На свој терен го победи Брентфорд со 1:0 со гол на Мекнил уште во 35. секунда.
Dwight McNeil Goal vs Brentford pic.twitter.com/69WSXKFdg1
— 𝗽𝘂𝗿𝗾𝘀 (@purqseason) March 11, 2023
Но затоа сега Лидс се најде во опасност, освои бод денеска против Брајтон со тоа што одигра 2:2 и е на претпоследната позиција на табелата.