А, кој друг ако не Шалке? И тоа во дербито на Рур. Имено токму Шалке ја сопре неверојатната серија на Борусија Дортмунд во 2023 година и “откина“ два златни бода во битката за титулата.
Спектакл на “Велтинс Арената“ во Гелзенкирхен пред преполните трибини во големото дерби во Бундеслигата.
Шлотенберг им донесе водство на гостите во 38.минута, во 50.минута Батлер израмни на 1:1. Дортмунд повторно дојде во водство со голот на Гереро десет минути подоцна, но сепак да нема победа на „милионерите“ се погрижи Караман во 79.минута кој стрелаше за конечни 2:2.