Штрлек од Веспрем во понеделник потпишува за Нексе

111

Хрватскиот ракометен клуб, член и на СЕХА лигата, Нексе во понеделник ќе го претстави Мануел Штрлек, како свое најголемо засилување. Хрватскиот репрезентативец ќе му се приклучи на клубот од следната сезона и ќе ги помине следните три години во Нашице.

Штрлек е еден од најатрактивните хрватски играчи, репрезентативец, поранешен играч на Загреб и Киелце, а во редовите на Нашиќ доаѓа од унгарскиот Веспрем.

ПретходноДавид Тошевски постигна гол за Ростов 2: Ќе докажам дека сум способен за големи нешта
СледноСилекс води, поништен чист гол за Скопје (ВИДЕО)