Ќе се случи ли предавство: Асенсио призна дека може да заигра за Барселона!?

193

Играчот од средниот ред на Реал (М), Марко Асенсио, наводно признал дека лесно може да се случи на лето да се пресели од Реал Мадрид во Барселона.

Според Diario Sport, фудбалерот е лут на мадридскиот клуб и на главниот тренер  Карло Анчелоти  поради тоа што скоро и да не добва шанса оваа сезона.  Тој е незадоволен од тоа што италијанскиот тренер го натера да се загрева повеќе од половина час на натпреварот со Бетис (0:0) на 5 март, но никогаш не го пушти на теренот.

Ако порано се претпоставуваше дека Шпанецот може да го продолжи договорот со актуелниот тим, сега сериозно размислува како да го напушти како слободен играч на лето. Тој е подготвен да го слушне предлогот на Барселона, иако од Каталонците се уште немаат понуда.

ПретходноИграчите во Премиерлигата нема да даваат изјави како поддршка за Гери Линекер
СледноБарса се „тресе“ од судијата Манзано: Само да не направи „масакр“ пред „Ел Класико“